ДУИ БАРА ПРВО РЕШЕНИЕ ЗА СТАТУСОТ НА „ПОЛИТИЧКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ“ А ПОТОА ЌЕ СЕ ИЗЈАСНАТ ЗА УКИНУВАЊЕ ЛУСТРАЦИЈАТА
Foto

ДУИ БАРА ПРВО РЕШЕНИЕ ЗА СТАТУСОТ НА „ПОЛИТИЧКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ“ А ПОТОА ЌЕ СЕ ИЗЈАСНАТ ЗА УКИНУВАЊЕ ЛУСТРАЦИЈАТА

Решавање на статусот на политичките затвореници од претходните системи низ поширока расправа па дури потоа да се дискутира за потребата од евентуалното укинување на лустрацијата. Ова предлогот но и причините поради кои ДУИ вчера немале свој претставник на комисиската расправа за ова предлог решение кое остана поддржано само од пратениците на СДСМ, по што претседателот на комисијата Александар Кирацовски ја прекина работата на комисијата и расправата. Од ДУИ велат за сега немаат ништо против ова решение но бараат паралелен процес заснован врз поширока дебата.

Од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ пак денеска велат дека се уште не изградиле став околу укинувањето на лустрацијата и дополнитлно ќе се изјаснат кога ќе дојде време .

Она што пак веќе е познато и вчера го истакна претседателот на Комисијата Кирацовски беше дека додека не се постигне политички договор на повисоко партиско ниво нема да ја закаже седницата за оваа точка. ВМРО ДПМНЕ пак веќе се изјаснија дека ќе ги искористат сите правни лекови за да го спречат донесувањето на овој Закон но исто така бараа на комисијата вчера да се појави и министерката Рената Десковска . На вчерашната комисија не дојде ниту претставник од Демократската партија на турците. Со ова практично СДСМ остана сама да го брани ова предлог решение.

0 Коментари

Остави коментари