ДУИ бара оставка од претседателот на Уставниот суд - “Вреди” ги обвини за манипулација
Оставка на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски бара ДУИ. Во денешниот допис до јавноста забележуваат и на одговорите кои вчера ги дал на дел од новинарските прашања, но и немањето натпис на албански јазик на таблата која беше поставена позади претседателот на уставниот суд додека ја држеше пресконференцијата за медиумите .
Забележуваат и на самиот процес за кој уставните судии одлучија да одржат подготвителна седница пред да се произнесат за уставноста на законското решение.
- И покрај фактот што Законот за употреба на јазиците е во сила, претседателот на Уставниот суд изјави дека ‘знае дека законот е во сила, но не му се допаѓа законот’. Лице кое отворено изразува несогласување со законите во сила и применува двојни стандарди на толку важна позиција како претседател на Уставниот суд, не може да биде достојно за да продолжи со должноста. Неговото однесување ја поткопува не само довербата на граѓаните во институциите, туку и основните принципи на демократијата и меѓуетничката еднаквост.
Од Вреди пак денеска им порачаа на ДУИ пред да бараат оставки од било кого да почнат со оставки од своите редови.
Денеска по однос на случувањата со Уставниот суд, но и Законот за јазици се огласи и шефицата на државата Гордана Силјановска Дафкова која ја поздрави одлуката за подготвителна седница, но и го осуди и политичкиот притисокот кон уставните судии.
Одлуката која вчера ја донесе Уставниот суд во врска со законот за јазиците беше кон почетокот на март да се свика подготвителна седница и да се консултира експертската јавност но и еминентни имиња од правната фела и Венецијанската комисија која пак веќе се има изјаснето во врска со Законот за употреба на јазиците.