ДСЗИ истражува дали 25 годишен беровчанец починал од сепса после погрешна интервенција на заб

Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера  влезе во штипската болница да изврши вонреден инспекциски надзор откако на социјалните мрежи се прошири вест со тврдење дека 25 годишиот беровчанец Јован Димовски починал како последица на лекарска грешка

Во сведоштвото на негови роднини пишува дека доктор од болницата со 20 годишно работно искуство, на Јован му направил неправилна дренажа на заб, по што тој добил сепса и починал

Од инспекторатот не даваат повеќе детали се' додека надзорот не биде целосно завршен. 

Од штипската болница ја потврдија смртта на Јован но и тие не споделуваат повеќе детали, затоа што, како што велат од таму, посочениот лекар треба да изготви и да достави извештај за смртта на младиот беровчанец.