ДС: Со измените на изборните правила брутално се напаѓа демократијата
Измените на Изборниот закон на предлог на група пратеници влегоа во собраниска процедура. тие, освен препораките на ОБСЕ/ОДИХР, содржат и компромисен предлог за начинот на спроведување на престојните локални избори, кои според најавите и на власта и на опозицијата, треба да се одржат на 17 октомври.
Денеска од Демократски сојуз велат дека со овие измени се спречува рамноправен политички натпревар и се гуши плурализмот и разновидноста на идеи.
Оттаму оценуваат дека предлог измените на изборниот законик доставени до Собранието по скратена постапка, се спротивни на демократските стандарди и правила и со нив загрозени се темелните уставни вредности.