Дрзок грабеж на НЛБ банка во скопски Чаир – повредено е обезбедувањето
Foto

Дрзок грабеж на НЛБ банка во скопски Чаир – повредено е обезбедувањето

На неколку километри од грабежот во близина на гробиштата во Бутел кај реката Серава, по околу два часа полицијата пронашла автомобил марка Голф 5, полициските екипи кои ги затекнавме на терен ниту негираа ниту ја потврдија информацијата дали станува збор за иститот автомобил со кој според очевидците разбојниците избеглае од банката. Тие велат дека допрва по земените траги од банката, но и од опожареното возило треба да се утврдува дали навистина станува збор за истиот автомобил.

Со автоматски пушки калашников со кундаци на расклопување и залепени шаржери за зголемена муница в рацете утринава неколкумина разбојници влегле во филиијалата на Тутунска банка во општина Бутел. Физички го нападнале 26-годишниот Е.Е. Вработен како обезбедување во банката, по што среде бел ден испукале еден куршум во воздух, се качиле во автомобил и побегнале, раскажуваат сведоците на настанот. Тие зад камерите велат дека станува збор за 4 разбојници кои ги принудиле вработените, но и клиентите за време на грабежот да легнат на земја, ги зеле парите и побегнале.

Од полицијата велат грабежот се случчил во утринските ќасови или нешто по 10 часот други повредени освен обезбедувањето на банката нема.

„Пријавено е разбојништво од страна на неколку лица со оружје во банка на улицата Ферид Бајрам кои одзеле пари. Веднаш по пријавата преземни се мерки и активности од полициски службеници.“ - велат од МВР.

Колку пари зеле разбојниците уште никој не открива, ниту од полицијата ниту од банката. Од НЛБ Тутунска неколку часа по инцидентот само кусо посочија дека вработените и клиентите кои во моментот се затекнале на местото се во добра состојба, и дека се работи на утврдување на висината на штетата, велат нивните клиенти се сигурни бидејќи тие како банка имаат осигурување на целиот свој имот и средства.

0 Коментари

Остави коментари