ДРЖАВНИТЕ РЕВИЗОРИ ГО ЧЕШЛААТ „ТЕНДЕРОТ НА РАШКОВСКИ“
Foto

ДРЖАВНИТЕ РЕВИЗОРИ ГО ЧЕШЛААТ „ТЕНДЕРОТ НА РАШКОВСКИ“

Државниот завод за ревизија ќе се вклучи во истрагата на Антикорупциска која отвори предмет за можна корупција при тендери во Македонската навигација, а во која постои сомнеж дека е вмешан и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски. Антикорупционерите побарале ревизорите да направат контрола на спорната јавна набавка тешка 7 милиони евра. А со оглед на јавниот интерес и сумата која што била потрошена, ревизорите не можеле да седат со скрстени раце.

Од Дражавнот завод за ревизија велат дека контролата на М-НАВ веќе била ставена во нивната редвна програма. Ќе се истражува како е водена јавната набавка и дали се исплаќани парите според договорот. Контролата ќе почне следниот месец, а ревизорите ќе ги информираат антикорупционерите за сите оперативни сознанија до кои ќе доаѓаат. Но засега за јавноста тие се воздржани во давање детали.

- „Ние сме информирани и сме во тек со секој предмет за кој ДКСК побарала или ќе побара информации и податоци, тоа е истовремено и наша законска обврска. Разменуваме податоци од извршените ревизии, остваруваме меѓусебни консултации и даваме помош и соработуваме по сите прашања за кои постои потреба од меѓуинституционална соработка.“

Од Антикорупциска велат дека Рашковски ќе го викнат на разговор кај нив по потреба, без да прецизираат кога и дали прво ќе ги чекаат наодите од ревизорите.

Сомнежите и обвинувањата за можна корупција дојдоа по објавувањето на еден снимен разговор во кој наводно се слуша договорање на тендерот за радарски систем кој го добила италијанската фирма „Леонардо“.

За овој случај кривична пријава против Рашковски до Обвинителството достави опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од Обвинителството велат дека пријавата е стигната и се уште се постапува по наодите во неа.

 

0 Коментари

Остави коментари