Државниот секретар на САД, Помпео ја поздрави одлуката на македонскиот парламент
Foto

Државниот секретар на САД, Помпео ја поздрави одлуката на македонскиот парламент

Мајкл Помпео, државниот секретар на САД ја поздрави одлуката усвојување на уставните амандмани и имплементацијата на Преспанскиот договор.

„САД ја поздравуваат одлуката на македонскиот парламент за усвојување на уставните амандмани потребни за ратификување на Преспанскиот договор со Грција. Македонските лидери демонстрираа визија, храброст и упорност во нивната потрага по решение за спорот за името, што ќе и овозможи на Македонија да го заземе своето место во НАТО и ЕУ како Република Северна Македонија. САД сметаат дека ова е историска можност за унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот во целиот регион.“ - стои во изјавата од државниот секретар на САД.

0 Коментари

Остави коментари