Државниот пазарен инспекторат: Не се утврдени нерегуларности на бензинските пумпи

Преку 300 проверки извршиле инспекторите од Државниот пазарен инспекторат во изминативе неколку дена. Не се утврдени неправилности кај бензинските пумпи, но пријавено било дека кај дел од нив има недостиг на гориво.