Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Љупчо Коцески си поднесе оставка од функцијата прв човек на републичкото обвинителство а со тоа ја прескокна процедурата за расправа во законодавниот дом каде пратениците требаше да расправаат и да гласаат за неговото разрешување по владиниот предлог.

Коцески денеска на пресконференција за медиумите ја образложи неговата одлука најпрвин укажувајќи на тоа дека поканата од собрание за негово разрешување му стигната дури утрово а веќе за во 11 беше закажана собраниската седница . Се осврна и на неговото работење но и на самото обвинителство дека како што рече и покрај скромните ресурси и финансии кои ги имале на располагање непречено реботеле со капацитетите кои ги имале. 

По ваквата одлука на Коцевски собранискиот спикер Гаши во собранието само ја констатираше оставката а со тоа беше прескочена и самата собраниска расправа на народните избраници .

Сепак владејачката ВМРО-ДПМНЕ не пропуштија прилика својот став да го изнесат од партиското седиште но и да го вперат прстот кон Коцески и обвинителството дека како што велат ова било крај на лошите практики во судско обвинителската фела . 

Од СДСМ пак денеска во партиското соопштение наведуваат 

СДСМ 

- Притисокот за смена на Јавниот обвинител е дел од сценариото на ДПМНЕ и Мицкоски за целосно преземање на Обвинителството и Судството.Обвинител под контрола на Мицкоски и ДПМНЕ. Судии под контрола на Мицкоски и ДПМНЕ. Целосна окупација и партизација на судството, враќање на „тефтерчињата“, погребување на правдата.

Претходно на Коцевски му беше изгласана интерпелација во законодавниот дом но и тогаш не се појави пред народните избраници  само испрати допис . Новиот јавен обвинител ќе се бира преку јавен оглас а потоа процедурата  за негов избор повторно се враќа во Собрание .