Државни електрани за тековно работење ќе се задолжат со 30 милиони евра од една македонска банка

Државните електрани, ЕСМ договорија ново задолжување тешко 30 милиони евра од комерцијална банка од земјава. Каматната стапка ќе биде околу 3,5 отсто, а парите ќе се трошат за ликвидност.

На крајот на ланската година загубата на ЕСМ изнесуваше 123 милиони евра. Актуелното раководство на државната фирма вели дека претходната власт правела системско уништување на производствените капацитети 

„Се работи за една банка од каде што ќе биде подигнат кредитот и би било некоректно да кажеме нешто пред да биде потпишан договорот. Парите ќе бидат искористени за потребите и обврските на компанијата кон добавувачите. Тоа што е договорено и што очекувам НРСХ плус 1,5% што е подобро од синдицираниот кредит што го земавме тогаш.“ - ЕСМ.

Ваквата финансиска состојба нема да има влијанија врз цената на струјата за домаќинствата, велат од ЕСМ. Додаваат дека на тендерот на ЕВН за следните шест месеци нема да понудат повисока цена од актуелната која изнесува 62 евра за мегават час. Во првиот квартал трошокот за производсто изнесувал 98 евра за истото количество струја да биде произведено. 

„Во 2024 година тогашната влада на ЕСМ и има префрлено преку 90 милиони евра субвенции во име на разлики помеѓу производствената и продажната цена на универзалниот снабдувач, и тоа директно се движи на приходот на страна. Во 2023 година владата во има на субвенции за електрична и топлинска енергија има префлено повеќе од 230 милиони евра, а во 2021 година повеќе од 90 милиони евра на име субвенции.“

Во однос на случајот со закупот на гас од Александропулис, од ЕСМ велат дека се поднесени кривични пријави против два управни одбори и против функционери на минатата власт поради серија на несовесни одлуки во делот на енергетиката. Досега се платени над 5 милиони евра за закуп на гас кој нема како да се донесе во Македонија ниту може да се продаде.