Државната пошта ќе остане монопол за пратки до 50 грама, откако повторно е одложена целосната либерализација на поштенскиот пазар

Државната пошта ќе остане монопол за пратки до 50 грама, откако повторно е одложена целосната либерализација на поштенскиот пазар се до влезот на земјава во Европската Унија. За да го подобри квалитетот на услугите и брзината, оваа компанија која со години тоне во долгови, доби задача од својот регулатор да воведе класификација на пратките.