Државната изборна комисија денеска ги отфрли сите приговори на повеќе политички партии и коалиции
Foto

Државната изборна комисија денеска ги отфрли сите приговори на повеќе политички партии и коалиции

Државната изборна комисија го отфрли барањето на Алијанса за Албанците и Алтернатива за поништување на гласањето на едно избирачко место во општина Дебар.

Членот на ДИК Кренар Лога посочи дека Записникот од Избирачкиот одбор од оспореното избирачко место е невалиден бидејќи не бил потпишан од мнозинството членови на одборот.

Претставникот на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива наведе и дека претседателот на Избирачкиот одбор на денот на гласањето бил разрешен од Општинската изборна комисија Дебар, но продолжил да ја извршува функцијата. Членовите на изборната комисија од ДУИ и СДСМ реплицираа дека вакви забелешки во записникот нема така што нема основ за поништување на гласањето.

Државната изборна комисија на денешната седница ги одби и сите шест приговори на Левица поради тоа што, како што констатира комисијата, партијата не доставила материјални докази. ДИК го отфрли и приговорот на Твоја партија затоа што бил поднесен после законски утврдениот рок како и приговорот на Коалицијата на ЛДП и ДОМ и Демократската партија на Турците.

Државната изборна комисија денеска информираше и дека луѓето кои имат право на глас како болните и немоќните, тоа право ќе го остварат и во вториот изборен круг, на ист начин и под исти услови и истите може да се поднесуваат нови барања. Нови барања ќе треба да поднесат и граѓаните со ковид-19 и оние што се во изолација.

0 Коментари

Остави коментари