Државна ревизија изразува резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на МФ за 2021 година

Државниот завод за ревизија  изразува резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на МФ за 2021 година.

Со извршената ревизија на финансиските извештаи за 2021 година, заедно со ревизија на усогласеност, констатиравме дека пописот на средствата не е извршен целосно согласно со правилникот за сметководството на буџетите и буџетските корисници, во делот на пописот на постојаните средства и ситниот инвентар, како и во делот на усогласување на фактички утврдената состојба со сметководствена евиденција на средствата. За утврдената состојба дадена е препорака до одговорните лица во МФ со цел преземање мерки за надминување, се вели во извештајот на ревизорите.