Државата нема регистер за децата со атипичен развој, нема ниту доволно асистенти

Во земјава нема национален регистар за деца со атипичен развој, не се знае колку деца има има во Македонија, а нема ниту доволно асистенти се жалат родителите. Бојан Шишевски е родител и воедно изработувач на документ за јавни политики кој се фокусира на реформите и предизвиците на инклузивното образование. Шишевски вели потребно е да се создаде нов систем на образовна асистенција. Проценките на МОН покажале дека се потребни 500 образовни асистенти со што се покажало дека се недоволни, а за оваа година се предвидени 750 но службите низ целата држава се уште не се формирани. 

Шишевски додава дека локалната самоуправа, пристапноста на училиштата  мора да ја стави на високо ниво. Училиштата и морално и законски не смеат да не ги примат децата со попречен развој, под изговор дека немаат капацитет и не можат да го примат детето и тоа е  дискриминација. Ако на родителите им е тешко и научиле како да се справуваат и што да прават со тоа дете и сите останати ќе научат, истакнува Шишевски.

Утре по повод, зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој како и за нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството, ќе се одржи настан„Играме заедно“ на Школка во Градскиот парк со почеток во 11ч  во организација на Аутизам и Колектив „Ветерница“. Трет по ред,овојпат ќе биде една голема игротека со многу разновидни активности, забавни, тактилни игри, со музичка и ликовна работилница.

Димитрова пак, од Колектив „Ветерница“, вели дека за да се постигне здрав личен развој треба да се земат в предвид уметностите, да се зголемат можностите за работа. Преку играта се пренесува културата, културата на почитување и прифаќање на другите.

Најважно од се` - е дека овие деца сакаат да бидат заедно со останатите деца. Сакаат да растат заедно. Но за да е возможно сето ова, пред се' овие лица треба да бидат прифатени токму онакви какви што се. По овој прв, но голем чекор, на сите семејства ќе им биде многу полесно, затоа што заедно ќе се движиме низ секојдневието и ќе градиме здраво инклузивно општество, велат организаторите, велат организаторите.