Државата ќе ги врати 2,2 милиона евра на европската комисија по истрагата на Олаф

За околу месец и пол би требало да се вратат 2,2 милиони евра кои Европската комисија преку програмата ОЛАФ ги побарува од владата поради проневерни фондови од програмата Еразмус вели за Студио 10 на ТВ 24 претседателот на националната агенција за европскки образовни програми и мобилност Марко Ѓоргиевски.

Тој додава дека предизвик ќе биде што во моментов има техничка влада која не може да прави ребаланс, но вели ќе мора да се најдат средства. 

Директорот на агенцијата меѓу гругото додаде дека оваа организација е во сензитивен период и во изминатите три години се воспоставени нови критериуми и со помош од Амбасадата на ЕУ, програмата за образовна размена ќе продолжи.

Претходно евроамбасадорот  Дејвид Гир  порача дека Европската Унија има доверба и нема да ги намали средствата за младите во Македонија. 

После обелоданувањето на скандалот се огласи и тогашната директорка на агенцијата Лидија Димова која кажа дека токму овие проневери биле причина поради кои била сменета преку монтирање на непостоечки афери. Димова директно ги обвини тогашниот премиер Зоран Заев и националната кородинатиорка Нола Исмаиловска Старова за притисоци кон неа да ја повлече кривичната пријава. Заев и Исмаилоска Старова не одговорија на пораките на ТВ24 да го искоментираат случајот.