Државата издаде обврзници за 41 милион евра

Обврзници во вкупен износ од 41 милион евра од денеска  котираат на Македонска берза, со што државата ќе се задолжи на внатрешниот пазар. Најголемата емисија изнесува околу 32,9 милиони евра. рокот на достасување е 30 јули 2041 година, со фиксна каматна стапка од 5,2 проценти. Втората емисија опфаќа 37.676 државни обврзници со девизна клаузула во износ од 6,1 милион евра, со рок на достасување до 2041 година и каматна стапка од 5 проценти. Во котацијата е вклучена и трета во вредност од околу два милиони евра, која достасува на 30 јули 2029 година со каматна стапка од 4,35 проценти. Од Министерството за финансии информираат дека издавањето на овие државни хартии од вредност, кои котираат на официјалниот пазар на Македонска берза, е дел од планираното задолжување на домашниот пазар согласно усвоениот буџет и ребаланс за 2026 година во Собранието.