Државата да им помогне на занаетчиите да ја пребродат економската криза
Претходно пандемијата а сега и економската криза ги натера добар дел од струмичките занаетчии да се откажат од дуќаните и да ги избришат фирмите од регистарот, а своите услуги да ги нудат на црно. Тоа е резултат на енормно зголемените трошоци на своите услуги.
Вака тврди Петар Узунов од занаетчиската комора, според кого држават ќе мора да најде модел како да им помогне оти станува збор за семејни фирми со еден и двајца вработени
Според евиденцијата на комората за Струмица и Радовиш околу 20 отсто од занаетчиските фирми ставиле клуч на своите мали бизниси заклучно со минатата година. Освен зголемените трошоци за работа причина за затворањето е иселувањето заради што во регионот нема млади.
Во струмичко радовишкиот регион во моментов се водат околу 430 активни занаетчии, а пред две децении само во Струмица имало регистрирани од 1500 занаетчии.