Друштвото на писателите на Македонија ќе го соопшти добитникот на наградата „Стале Попов“
Во просториите на Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе биде соопштен добитникот на наградата „Стале Попов“.
Наградата се доделува за проза, а ќе ја добие авторот на најдобрата прозна книга објавена во 2022 година.
– На прес-конференцијата ќе се обратат претседателот на жири-комисијата за доделување на наградата „Стале Попов“ и писателот кој ќе го понесе ова високо признание. На прес-конференцијата ќе бидат соопштени одлуката и образложението за наградата, информираат од ДПМ.