Драстичен раст на инфлацијата

Намален економски раст и поголема инфлација, зголемени цени и раст на каматните стапки – ова се предвидувањата на најновите економски проекции на Народната Банка и наместо предвидените 3,9 годинава ќе ја завршиме со раст од 2,9 проценти од БДП.

Инфлацијата расте, се предвидува да биде 8,8 проценти во просек, со очекување за постепена стабилизација до крајот на годината. Гувернерката вели причини за ваквите проекции - се руско-украинскиот конфликт и ефектите од пандемијата поради кои цените на храната и енергенсите се вивнаа нагоре.

Откако изминатиов еден месец имаше две зголемувања на основната каматна стапка за 0,25 процентни поен, која достигна ниво од 1,75 проценти, во периодот пред нас, според Централната банка, се очекува нагорна корекција во однос на каматните стапки.

„Генерално очекувањата се дека каматните стапки ќе одат нагоре, но се прават обиди тоа да биде умерено за да не се одрази позначително кај кредината активност кај населението  и корпоративниот сектор.“ - изјави Анита Ангеловска Бежоска гувернерка на НБРМ. 

Иако се ќе зависи од Ребаланост на Буџетот, раст се очекува и кај јавниот долг, кој би достигнал 63 проценти од БДП. Доколу состојбите не се стабилизираат - НБРМ има и попесимистично сценарио во кое економијата би пораснала за само 1,9 проценти, а инфлацијата би достигнала 9,8 проценти, а Народна банка би реагирала соодветно.