Драмски театар слави 80 години од основањето

Со праизведбата на претставата „Мачкина глава“, Драмски театар Скопјего одбележува големиот јубилеј – 80 години од своето постоење.

Директорот на театарот Роберт Вељановски потсети дека корените на установата датираат од 21 април 1946 година, кога во тогашниот Македонски народен театар била изведена првата куклена претстава „Силјан Штркот“, во режија на Петре Прличко.

Во текот на децениите, театарот минувал низ повеќе трансформации – од Куклена сцена, преку Градски куклен театар и Младинско-детски театар, до денешниот Драмски театар, кој од 1967 година го носи сегашното име и се позиционира како една од најзначајните театарски институции во земјата.