Драматично кај Јеловјане, а гори и во струшко

Опасноста од пожари и понатаму останува. Нивниот број сè уште е многу висок. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, вчеравечер било драматично во атарот на селата Урвич и Јеловјане, на територијата на општина Боговиње, кога се доближил огнот до селото Јеловјане.

Како сериозен и тежок, тој го издвои и шумскиот пожар кај селата Локов и Буринец, на територијата на општина Струга. Избил пожар и во атарот на селото Селце, во близина на вештачкото езеро Мантово, на падините на планината Серта, на територијата на општина Штип, каде што зафатил ниска вегетација...