ДПМ ја поздравува иницијативата да се именуваат улици по македонски писатели
Foto

ДПМ ја поздравува иницијативата да се именуваат улици по македонски писатели

Македонската писателска асоцијација ја поздравува иницијативата на Град Скопје да именува неколку улици во главниот град по македонски писатели и оценува дека на тој начин се зацврстува местото на овие значајни творци во нашата колективна меморија и се поттикнува интересот и почитта на сите генерации граѓани за нивното литературно творештво.

– Се разбира, литературните дела на писателите како сегмент на националната култура се инкорпорирани во образовниот процес и во другите јавни дејности, но веруваме дека и зачестеното спомнување и чествување на писателите преку именувањето улици во главниот град ќе придонесе за нивна популаризација и пошироко восприемање. Особено затоа што многу стихови, романи и раскази во нашата литература се посветени токму на градските амбиенти на Скопје и се неизбришливо вградени во неговиот урбан културен идентитет, наведува Друштвото на писатели.

0 Коментари

Остави коментари