ДПИ: Ќе има затворање на маркети трговците не си ја сфатиле сериозно работата и не ги намалиле цените

24 часа откако мерката за намалување на цените е на  сила, пазарните инспектори излегоа на терен. Се прават контроли дали трговците си ја завршија домашната задача и ја почитуваат мерката. 

Според информациите од Државниот инспекторат 40 тима од инскептори вршат контроли низ цела Македонија. Во оние маркети каде што ќе се утврдат неправилности нема да се прогледува низ прсти, туку веднаш ќе следува казна од две до 10 илјади евра во зависност од големината на компанија. Постои можност и маркетот да биде затворен, велат од Државниот пазарен инспекторат. 

„Секој оној кои што нема да ја почитува  одлуката и нема да има поставено јасно означена ознака ќе биде санкциониран по нашите законски прописи А секој оној кој ќе се обие на каков било начин да примени нечесни трговски практики ќе биде затворен од страна на државниот пазарен инспекторат.“ - Горан Трајковски директор на државен пазарен инспекторат.

Куповната моќ нема да се подобри децидни се граѓаните, полека храната ни станува луксуз, производите поскапеа од 80 до 100 денари а сега ги намалуваат од 10 до 20 денар велат граѓаните. 

„Па не би рекол, може се нешто минимално направени, ама како што ветија дела ќе бидат, некој ги намалил некој не.“ 03160 Прво ги покачија па потоа ги намалија, мислам дека не е реално цените се многу високи. Многу е скапо овошјето, зеленчукот.

„Нешто не приметив дека се намалени“. Прво ги качија цените пред оваа мерка па после ги намалија и повторно доаѓа скапо. Кратко ќе трае и не можат да воспостават контрола 03161 

„Не осетив нешто да е намалена“.

„На пример јас ако купам кило месо 10проценти од 500денари, колку ќе ми биде поевтино, но ако купам 300грама што два денари три.“

„Јас не приметив ништо.“

„Многу малку не сум задоволна, цените се скоро исти и зголемени се.“

Претседателот  на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов за телевизиај 24 изјави дека мерката со ограничување на маржите требало да се случи многу порано. 

„Тоа што нас не загрижува е тоа што повеќе од 700денари е зголемен трошокот за храна и пијалоци кои што го пресметуваме согласно синдикалната минимална кошничка и тоа може да значи само едно дека трговците овие кои ги произолупотребуваат производителите но и нас работиниците го искористија овој вакум период.“ - Слободан Трендафилов претседател на Сојуз на синдикати на Македонија.

Од СДСМ обвинуваат дека владината мерка за ограничување на маржите на мал дел прехранбени производи нема никаков ефект и не се одрази на намалување на цените. 

„За дел од овие цени на производите кои што сега се намаалуваат во изминатите неколку недели веќе биле поскапени, закаснетата реакција на владата и не ефикасните мерки немаат никаков реален ефект.“ - Богдана кузеска портпаролка на СДСМ.

Владата најави дека во иднина ќе има повеќе  мерки  каде ќе се настојува да се намалува цената на производите  кои граѓаните најмогу ги купуваат. Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец септември 2024 година изнесува 61.306,00 денари, само за храна потребни се 23илјади денари.