Доживотен затвор за “грофот” од Штип, кој ја уби мајка му

Доживотна казна затвор доби Стојанче Зарков – ваква е одуката на Основниот Суд во Штип за 54-годишниот поранешен угостител, кој во семејниот дом брутално ја убил својата 84-годишна мајка. Зарков бил во алкохолизирана состојба кога со остар предмет ја нападнал мајка си и ѝ нанел смртоносна убодна рана. 

Во оваа зграда позади мене, на осми август минатата година, во два часот по полноќ, Стојанче Зарков или на штипската јавност познат како Грофот, со кујнски нож ја прободел својата мајка, по што повикал брза помош. За жал, екипата констатирала само смрт.“ 

Зарков и претходно во неколку наврати бил осудуван за повеќе кривични дела, односно имал и други пресуди за загрозување на сигурноста на мајка му и татко му. 

Стојанче Зарков, во Штип е познат како сопственик на култната кафеана „Гроф“. Тој во текот на целиот процес негираше вина и на последното рочиште тврдеше дека има „дупка во сеќавањето“. Сепак, судот не ја прифати ваквата одбрана, оценувајќи дека доказите ја потврдуваат неговата одговорност за стореното кривично дело.

Инаку, од 2020тата година, ова е трета доживотна казна изречена во штипскиот Основен суд.