Дортмунд прокоцка 3-0, Менхенгладбах шокирана дома
Foto

Дортмунд прокоцка 3-0, Менхенгладбах шокирана дома

Двете Борусии не се прославија во 21. коло од Бундеслигата, во натпревари пред домашната публика.

Лидерот од Дортмунд имаше добиена ситуација против Хофенхајм, водејќи со 3-0 до 75. минута, со головите на Санчо, Геце и Гереро. Меѓутоа гостите направија чудо за 12 минути и го изедначија резултатот. Белфодил почна, Кадерабек продолжи во 83. минута, а повторно Белфодил во 87. го изедначи резултатот.

Менхенгладбах, пак, иако беше екипата во најдобра форма во моментов во Бундеслигата, дома загуби од Херта со 0-3. Калу стрелаше во првото полувреме, Дуда и Зелке во второто го комплетираа дебаклот за домаќините.

На табелата Дортмунд сега има 50 бода, Менхенгладбах 42 на третото место, толку има и Баерн, кој вечерва игра со Шалке.

БУНДЕСЛИГА 21. КОЛО

Борусија Д. - Хофенхајм 3-3
Борусија М. - Херта 0-3
Фрајбург – Волфсбург 3-3
Хановер – Нирнберг 2-0
Лајпциг – Ајнтрахт Ф. 0-0

0 Коментари

Остави коментари