„Доријан“ се приближува до Флорида
Foto

„Доријан“ се приближува до Флорида

Ураганот „Доријан“ ослабна до трета категорија, а крајбрежниот град Стјуарт на Флорида веќе ги чувствува ефектите од тропскиот циклон, кој ги опостуши Бахамите, предизвикувајќи смрт на пет лица.

– Пристигнуваат периодични дождови, кои буквално ќе не засипат во силни налети на тропски ветар. Краткотрајни, но обилни врнежи. И неколку молњи во далечина, изјави нетеорологот Дерек Ван Дам за Си Ен Ен. Ван Дам предупреди дека ураганот ослабнал до категорија три, но тоа значи дека бурата ќе биде поголема, бидејќи тропските ветрови се зголемуваат од центарот. Како ќе се приближува до Флорида, така ќе чувствуваме се повеќе и повеќе ветар. Потоа опасност бурата да соборува дрвја и електрични столбови, предупреди метеорологот.

Центарот за евакуација и одделни засолништа во округот Мартин веќе не прифаќаат луѓе кои сакаат да се засолнат од ураганот.

– Ако се уште не се евакуирани, предоцна е, истакна Дерек Ван Дам.

0 Коментари

Остави коментари