Доревски во 24 анализа: Владата сериозно треба да размисли за централизирање на системот за заштита и спасување во една институција

Поранешниот помошник министер на МВР, Зоран Доревски во 24 анализа рече дека потребно е делот за противпожарна заштита и безбедност да се централизира во една институција. Според него, противпожарните единици во Македонија се во катастрофална состојба.

„Делот на противпожарна заштита и безбедност се дисперзирани во три сегменти еден е ЦУК, друг е Дирекцијата за заштита и спасување и потоа се пожарните единици лоцирани во локални самоуправи. Македонија прво нема толкав капацитет и ресурси да држи такви институции кои покриваат генерално една област а се со слаб капацитет и слаба кондиција. Денеска нашите противпожарни едници се во катастрофална ситуација, управуваат со стари возила, опремата е две третни од донации а тоа не е среќна околност бидејќи секоја држава има различни системи и компоненти кои може да ги усогласите. Оваа катастрофа покажа дека владата мора сериозно да размислува на реорганизација на системот за заштита и спасување и кризен менаџмент одностно централизирање во една институција“, рече Доревски.

Тој објасни и дека потребни се реформи во секоја институција.