Дополнителни државни пари ќе добијат лозарите, чие грозје е со ниска шеќерност
Foto

Дополнителни државни пари ќе добијат лозарите, чие грозје е со ниска шеќерност

Со дополнителни четири денари по килограм, државата ќе ги субвенционира лозарите, чие грозје годинава е со низок квалитет. Оваа мерка важи за грозјето кое има ниска шеќерност и кое визбите одбегнуваат да го откупуваат, или за него нудат многу ниска цена.

Министерот за земјоделство Аријанит Хоџа кој два дена е на средби со лозарите и винариите во Тиквешијата, вели дека со сите засегнати страни е постигнат договор, грозјето да се откупи и да не остане на нивите.

За да се намали вишокот на пазарот, годинава се субвенционира и нискоквалитетно грозје, посебно од сортата вранец, за чие субвенционирање ќе се одвојат дополнителни два милиони евра од буџетот. Оптимист дека оваа мерка ќе донесе резултати е и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Пред една недела владата им вети на лозарите дополнителна субвенција од четири денари по килограм грозје предадено во домашна винарија.

Со новата субвенција промовирана денеска, грозјето со низок квалитет ќе биде субвенционирано со осум денар по килограм. Министерот Хоџа најави формирање на заеднички комитет меѓу лозарите и откупувачите, кој ќе биде во постојана комуникација, за да се избегнат проблемите пред секоја откупна сезона и кој ќе разговара за донесување закон за лозарство.

0 Коментари

Остави коментари