Дополнителен час евтина дневна тарифа на струјата до Нова година нема да има
Домаќинствата во земјава да не чекаат дополнителен еден час дневна евтина тарифа на струјата до крајот на годината. Евтината дневна тарифа останува од 13 до 15 часот.
Претседателот на регулаторна комисија Марко Бислимовски вели, доколку би се зголемил периодот негативно ќе се одрази врз тарифата по која се користи струјата од 22 часот до седум часот сабајле.
“Тоа што е од 22 до 00 до седум наутро и цел ден во недела и понатака ќе си остане и сметам дека реално ние тие два часа од 22 до 24 ако ги ставиме во скапа тарифа граѓаните ќе имаат помалку бенефит отколку што го имаат тоа во моментов. До крајот на годината нема да имаме никаква промена.“ - рече Бислимовски.
Во ноември ќе биде готова целата анализа која треба да покаже дали од први јануари ќе може евтината тарифа да се користи од 13 до 16 часот. Во меѓувреме, регулаторот и енергетските компании започнаа со пресметките за новата цена која треба да ја плаќаат граѓаните од од Нова година.
„Најбитните елементи ќе бидат набавката на загубите на електична енергија кои што треба да ги направат мепсо и електро дистрибуција, тие ќе се направат во наредниот период така да во овој момент не сакам да шпекулирам и не благодарно е да кажувам дали ќе се зголеми или ќе се намали цената на електрична енергија.“ - рече Бислимовски.
За лошата финансиска состојба со која што се соочуваат државните електрани регулаторот е со дијаметрално спротивен став од министерката за финансии Димитриеска Кочоска, Бислимовски апелира владата да им префрли одредени финанскиски средства на ад ЕСМ со што би се намалиле трошоците на компанијата а во исто време ќе се зголеми производството на струја и најважно ЕСМ ќе се стабилизира.
Пред неколку дена министерката за финансии соопшти дека владата одлучила да ја остави државната ЕСМ да се снаоѓа самостојно, без подршка од буџетот. Колку овој потег на владата ќе влијае врз крајната цена на електричната енергија за домаќинствата и малите претпријатија ќе се знае во последната недела пред нова година.