Донев и Милевска победници на МТКФ државниот шампионат во кати
Дамјан Донев и Берта Милевска се победници на 56. МТКФ државен шампионат во традиционално карате во кати одржан викендот во Скопје.
На победничкиот подиум во машка конкуренција покрај Донев се искачија и Слободан Костов и Петар Костов.
Кај девојките друштво на Милевска и правеа Јана Милевска, Ива Ромевска и Михаела Костова.
Покрај натпреварот за сениори/јуниори во машка и женска категорија, на турнирот се појавија и учесници во помладите категории.
Во кадетска конкуренција најдобри беа Матеј Магаровски и Камелија Недев.