Дончиќ нема да игра за репрезентацијата
Најдобриот стрелец во НБА лигата и првата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, ги шокираше навивачите во својата татковина со објавата дека летово нема да го облече дресот на словенечката репрезентација.
Веднаш по елиминацијата на неговиот тим од плејофот, Дончиќ преку социјалните мрежи појасни дека неговиот приоритет во моментов е борбата за старателство над неговите две ќерки.
Дончиќ веќе подолго време е во правна битка со својата поранешна свршеница Анамарија Голтес. Кошаркарот во емотивна порака истакна дека изминатите осум месеци му било екстремно тешко да ги гледа своите деца и дека сега е приморан да бира меѓу репрезентацијата и неговото семејство.

