Дончиќ и Тејтум - играчи на неделата во НБА
Foto

Дончиќ и Тејтум - играчи на неделата во НБА

НБА ги прогласи најдобрите играчи на изминатата недела, во двете конференции – Источната и Западната.

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ беше прогласен за најдобар играч во Западната конференција. Словенецот го предводеше Маверикс до три победи.

Дончиќ на овие средби оствари просек од 30,3 поени, 12 скока и 11,3 асистенции.

Членот на Бостон, Џејсон Тејтум стана најдобар во Источната конференција. На три победнички натпревари за Селтикс, тој имаше просек од 33 поени, оствари 5,3 скока и даде 2,7 асистенции.

0 Коментари

Остави коментари