Дончиќ го однесе Далас во финале на Запад и го чека Јокиќ
Кошаркарите на Далас Маверикс се првиот финалист на Западот, откако синоќа јас совладаа Оклахома 117:116 во полуфиналната серија и со 4-2 одат во финале.
Оклахома беше подобра во првото полувреме, имаше предност и од 17 поени разлика, но Далас одигра многу подобро во вториот дел и го сврте мечот.
Вистинска драма се случуваше во завршните минути од натпреварот кога двете екипи се менуваа во водство, на крајот Далас победи со 117-116.
Лука Дончиќ беше лидер во тимот на Далас со трипл-дабл учинок, постигна 29 поени, имаше 10 скокови и 10 асистенции. Ирвинг и Џонс реализираа по 22 поени. Во составот на Оклахома најдобар беше Гилџус Александер со 36 поени.
Далас во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Денвер и Минесота кој вечерва играат мајсторка.