Доминик Тим со пресврт против Федерер до титулата во Индијан Велс
Foto

Доминик Тим со пресврт против Федерер до титулата во Индијан Велс

Доминик Тим успеа да го победи Роџер Федерер и да ја освои титулата на турнирот од сериите „Мастерс“ во Индијан Велс. Австриецот стигна до најголемата титула во кариерата по победата со 3:6, 6:3, 7:5.

Федерер, кој претходно овој месец ја освои титула број 100, загуби второ финале по ред во Индијан Велс, откако минатата година отстапи пред Хуан Мартин Дел Потро, и повторно пропушти шанса да стигне до рекордна шеста титула на турнирот во Калифорнија. Денешниот дуел, исто така, беше поврзан со пропуштени шанси. Швајцарецот реализира само 2 од 11 шанси за брејк.

Тим освојува титула од сериите „Мастерс“ за прв пат, откако досега имаше две загубени финалиња. 25-годишниот Австриец до крајот на минатата година беше еден од ретките со позитивен биланс против Роџер. Сега тој повторно го врати овој статус, откако статистиката е 3 победи за Тим против 2 за Швајцарецот.

Со овој успех Доминик го претекна својот ривал и од денес ќе биде четврти во светот, а Федерер петти.

0 Коментари

Остави коментари