Доминик Парис победи на последниот спуст во сезоната, Беат Фојц го освои малиот Кристален глобус
Foto

Доминик Парис победи на последниот спуст во сезоната, Беат Фојц го освои малиот Кристален глобус

Италијанецот Доминик Парис победи на последниот спуст во Светскиот Куп сезонава, кој се одржа во Солдеу (Андора).

Парис заврши со 1:26.80 минути и стана првиот Италијанец кој забележал четири победи во најбрзата дисциплина во една сезона. Тој веќе има 15 успеси во кариерата во Светскиот куп.

Светскиот шампион Кетил Јансруд (Норвешка) заврши втор на 34 стотинки заостанување, а трети се нареди Отмар Штридингер (Австрија), кој по трет пат во кариерата си заслужи место на подиумот.

Швајцарецот Беат Фојц денеска остана на шестото место, со 64 стотинки заостанување, но тоа беше доволно за него и тој го обезбеди малиот Кристален глобус втора година по ред.

Фојц ја заврши кампањата со 540 поени откако запиша една победа и вкупно шест подиуми во осумте трки во сезоната за да го надмине Парис за само 20 поени. Трет во конечниот пласман е Винсент Крихмаер (Австрија) со 339 поени.

Марсел Хиршер (Австрија), кој веќе го освои осмиот последователен голем Кристален глобус, продолжува да води со 1.508 поени. Втор е Алекси Пинтуро (Франција) со 999 поени, а трет е Хенрик Кристоферсен (Норвешка) со 988 поени.

Пласман во спуст, Солдеу:

1. Доминик Парис (Италија) – 1: 26.80 минути

2. Кетил Јансруд (Норвешка) – 1: 27.14

3. Отмар Штридингер (Австрија) – 1: 27.21

4. Мауро Кавизел (Швајцарија) – 1: 27.27

5. Винсент Крихмаер (Австрија) – 1: 27.28

6. Беат Фојц (Швајцарија) – 1: 27.44

Конечен пласман за малиот Кристален глобус во спуст:

1. Фојц – 540 поени

2. Парис – 520

3. Крихмаер – 339

4. Амод Килде – 284

5. Кавизел – 282

6. Иннерхофер – 276

Генерален пласман:

1. Марсел Хиршер (Австрија) – 1508 поени – шампион

2. Алексиј Пинтуро (Франција) – 999

3. Хенрик Кристоферсен (Норвешка) – 988.

0 Коментари

Остави коментари