Домашниот есап на пазар не излегува: Кромид 90 денари, домати 180 денари, краставици 200, зелка 50
Овошјето и зеленчукот послека, но сигурно стануваат достижни само за око, за граѓаните загарантиран луксуз.
Кромидот 90 денари, доматите 180 денари, краставици 200 денари, спанаќот нешто поефтино 60 денари, а марулата 20 денари. Граѓаните растрчани по пазарите бараат да најдаа поевтино, но велат дека домашниот есап на пазар не излегува ист.
Продавачите по пазарите велат точно е дека има поскапи производи поради тоа што се работи за увозни производи.
Додека се чека јајцата да поевтинат, а со тоа и шеќерот и оризот, пазарниот инспекторат на терен утврдува цени на производи кои со владина одлука се замрзнати, како што се тестенините, млекото и млечните производи како и лебот. Утврдени се 4 субјекти не ги намалиле цените на за што ќе треба да платат вкупно 18. 200 евра.
Додека власта се фали со замрзнати цени, граѓаните се тие кои го имаат последниот збор, велат предоцна се донесени одлуки за замрзнување бидејќи цените го надминале плафонот на скапотија.
Последната синдикална кошничка која изнесува 825 евра ги заостри пресметките помеѓу Бектеши и синдикалците. За Бектеши пресметката е погрешна за синдикалците дека истата треба да е повисока. За граѓаните, инфлацијата која е измерена од 16.7 е доволен показател дека што и да се направи тие сепак ќе бидат на работ на егзистенцијата.