Долги колони возила на влезот од Скопје – мал гардежен зафат во Автокоманда направи проблем
Foto

Долги колони возила на влезот од Скопје – мал гардежен зафат во Автокоманда направи проблем

Поради санирање на дупки и нерамнини на коловозот, од утрово блокирани возила на влезот во Скопје во Автокоманда, граѓани од Битола, Прилеп, Куманово и Велес доцнеа со часови да стигнат до својата цел. Од АМСМ информираат дека застојот е поради градежен зафат на патот.

„Во тек се и градежни активности за санација на коловозот пред семафорите на крстосницата помеѓу булевар Александар Македонски и 16-та македонска бригада, во насока на движење од влез на Скопје кон „Клучката Континентал“, па оттука на дел од крајната десна сообраќајна лента воспоставен е и времен сообраќаен режим, што ќе важи до завршување на активностите.“ - велат од АМСМ.

Додека се одвиваа градежните работи, на автопатот се направија долги колони на возила. Имаше и граѓани кои нервозно коментираа дека заглавени во сообраќајот со здравствени проблеми го пропуштиле и закажаниот термин на скопските клиники, имаше и странски државјани кои зачудено прашуваа дали оваа непријатна гужва е наше секојдневие. 

За застојот во сообраќајот потврдија и од Град Скопје. Од таму ни рекоа дека иако причините за настанаиот сообраќаен метеж не се во ингеренција на Градот, во текот во попладневните часови очекуваат деблокада на сообраќајот.

0 Коментари

Остави коментари