Документите за тендерот на ДИК тежок 11,2 милиони евра во Антикорупциска, ќе биде повикан и Даштевски
Тендерот тежок 11,2 за терминалите за гласање со отпечаток на прст конечно на маса во Антикорупциска комисија. Според информациите на ТВ 24, во комисијата веќе стигнала техничката документација и финансиските документи за тендерот.
Според плановите откако ќе биде разгледана, на разговор ќе биде повикан и претседателот на ДИК Александар Даштевски, а не се исклучува и челновите на ДИК кои беа членови во тендерската комисија и од СДСМ. Освен нив според информациите ќе бидат повикани и дел од информатичарите кои се оградиле од постапката. Од Антокиорупциска официјално само ја потврдувата информацијата.
- Таква постапка е отворена во ДКСК., велат од комисијата
Молчи и претседателот на ДИК Александар Даштевски, во писмена комуникација само ни кажа дека не е во земјава и дека став ќе ни каже кога ќе се врати. Овој тендер го следат контроверзии откако беше затворен. Кренар Лога, членот на ДИК предложен од Алијанската имаше дури издвоено мислење, а и многупати и јавно на седниците на ДИК реагираше поради како велеше проблематичноста на софтверот и можноста за злоупотреби. Тој по гласањето во Дебар тврдеше дека поради несогласување на податоците со отпечатоците се доведуваат изборите во прашање.
Освен германската Дермалог на тендерот се пријавија уште неколку фирми, но сите беа одбиени, а нивните жалби не беа прифатени. Во цената 11, 2 милиони евра, беа 4000 апаратчиња, софтвер -опрема и сервисирање.
Фирмата „Дермалог“ со седиште во Хамбург е најголемата германска фирма за изработка на биометриски апарати, но до ланските локални избори во Македонија имала скромно искуство и негативни критики за време на парламентарните, а подоцна на претседателските избори во Авганистан во 2019 година.