Документарецот „Македонскиот Дон Кихот” дел од фестивалот „Балкан трафик” во Брисел
Foto

Документарецот „Македонскиот Дон Кихот” дел од фестивалот „Балкан трафик” во Брисел

Документарниот филм „Македонскиот Дон Кихот“ во режија на Константин Плевнеш е дел од официјалната програма на годинешното издание на фестивалот „Балкан трафик”, кој ќе се одржува од денеска до 24 април во Брисел.  

Филмот е во продукција на ЕФА, а со поддршка на Агенцијата за филм. Посветен е на еден од најголемите македонски сликари, Владимир Георгиевски (1942-2017). 

На годинешното издание на фестивалот „Балкан трафик”, филмот ќе се најде во придружба на значајни имиња од балканскиот културен простор во претсолнината на Европа.

Во програмата се наоѓа и Ибрахим Малуф, Теодосиј Спасов, Неле Карајлиќ, Васил Хаџиманов, а посебен акцент е ставен на презентацијата на Нови Сад како „Град на културата на Европа за 2021 година”.

0 Коментари

Остави коментари