Докторите апелираат: Не се лекувајте од ковид на своја рака
Foto

Докторите апелираат: Не се лекувајте од ковид на своја рака

Лекувањето во домашни услови, со разни инфузии за освежување и лекови без препорака од лекар може да предизвика сериозни компликации и да доведе до фатален исход кај КОВИД пациентите, предупредуваат од болницата „8ми септември“, по случајот со 65 годишната пациентка која почина, откако претходно била лекувана дома со лекови за кои немало никаква медицинска евиденција. 

Инфектологот Д-р Маја Дуганова вели дека ваквите случаи на самолекување се честа појава. 

„Да не прибегнуваат кон инфузии за освежување и разни видови на терапии особено ако притоа не е оставена никаква медицинска белешка за третманот кој е спроведен, ризикуваат за сериозни компликации кои ги дава ковидот. Ковид мора да биде лекуван под надзор на леркар бидејќи компликациите се сериозни и ако навремено не се откријат може да имаат фатален исход.“ - вели д-р Маја Дуганова - ГОБ „Осми септември“.

Според лекарите, токму самолекувањето е една од причините за задоцнетото доаѓање во болница и за високата смртност од вирусот во земјава.

„Причините се различини, претпостаувам некои подлегнуваат на лажни информации, некои не веруваат во вирусот, некои не веруваат во здравствениот ситем, некогаш немаат достапност до болнички кревет и ја одбираат полесната варијанта. Апелирам да се врати довербата во здравствениот систем, бидејќи леукваме по светски протоколи. Ненавременото јавување лекувањето во домашни услови води до тоа да болничкото лекување е задоцнето, потоа и намалени се можностите за успешен третман како и зголемена смртност.“ - вели д-р Дуганова.

Случајот со 65годишната пациентка кој пред три дена го обелодени Државниот здравствен инспекторат сега е во рацете на институциите кои треба да откријат кој и давал лекови и терапии спротивно на законот. Таа била примена во болницата Осми септември, во тешка состојба и починала брзо по приемот. Пациентката преходно била лекувана дома со инфузии и лекови, од засега непознат лекар.  Од обвинителството потврдуваат дека за случајот е известен јавен обвинител и дека МВР постапува за расчистување на настанот.

0 Коментари

Остави коментари