Доколку Гаши не достави барање до пратеничките групи за анкетната комисија за Кочани, СДСМ ќе достават свои предлози за членови
И СДСМ деновиве ќе достави предлог на имиња за членови на анкетната за Кочани и останатите несреќи која ја иницираше парламентарното мнозинство - посочи лидерот на СДСМ Венко Филипче доколку и останатите партии како што рече поднесуваат предлози како што тоа веќе го направи Левица . Филипче и денеска одговарајќи на новинарско прашање на оваа тема посочи дека се уште не го добиле официјалниот допис од Гаши но доколку праксата за оваа специјална анкетна е таква да се доставуваат предлози без официјален допис од претседателот на собраниети и тие ќе го направат истото .
Вчера во краток разговор за ТВ 24 од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ посочија дека штом Левица веќе доставиле предлог за член и негов заменик анкетната ќе се оддржи бидејќи на тој начин партијата веќе и дава легитимитет , сепак во гостување на ТВ 24 од Левица пак го вперија прстот токму кон претседателот на собранието Гаши и парламентарното мнозинство дека го кочат процесот бидејќи Гаши официјално не доставува допис до пратеничките групи а пак ВМРО ДПМНЕ бара усогласување на заклучоците од претходната анкетна со која претседаваше Димитар Апасиев бидејќи дел од заклучоците како што рече пратеникот Крмов за ВМРО ДПМНЕ биле спорни и дека се бара некаква усогласеност како основа да може да се формира новата специјална анкетна покрај онаа постојаната во рамките на законодавниот дом .
И на последниот брифинг со новинарите собранискиот спикер Гаши рече дека нема никаква деловничка пречка пратеничките групи да доставуваат предлози на имиња за членови и заменици и дека освен Левица до сега ниту една друга партија не поднела имиња за членови .
Оваа Анкетна покрај трагедијата во Кочани ќе треба да ги опфати и несреќите како што се модуларната болница во Тетово, Ласкарци и Беса транс . Позади оваа иницијатива се потпишаа 70 тина пратеници од парламентарното мнозинство а потребата ја гласаа и опозициските партии.
Оваа анкетна комисија ќе треба да има 15 членови од кои 7 од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, двајца од пратеничката група на СДСМ , двајца од Европскиот фронт , 2ца од Вреди и по 1 член имаат Левица и ЗНАМ .

