Дојран регистрира по околу над 6 илјади ноќевања дневно

Дојран го живее екот на сезоната. Се повеќе гости од земјава и од Србија одмараат покрај дојранското крајбрежје.

Дневно се регистрираат по околу 6 илјади ноќевања како во апартмаснкто така и во хотелското сместување Општинските власти се надеваат дека оваа лето ќе остварат предвидените 100 илјади ноќевања што на Дојран ќе му донесе дополнителен прилив на средства.

Покрај дојранското крајбреже претежно макеонски посетители. Кој на викенд кој пак го користи годишниот одмор. Цените се прифатливи за македонски услови а гостите велат дека се задоволни од понудата.

Првиот човек на Дојран Ангов вели дека ова година значително се вратија српските транзитни туристи кои покрај Дојранското крајбрежје одмараат и по неколку денови.

Последниве години Дојран станува се поатрактивен и за инвестирање. Таму контуинирано се подигаат нови сместувачки капацитети а општината работи на подобрување на комуналната инфраструктура но и за квалитетно водоснабдување.