Дојран полн за празничниот продолжен викенд
Foto

Дојран полн за празничниот продолжен викенд

Продолжениот викенд за Илинден го наполни Дојран. Сите сместувачки капацитети во ова туристичко место се исполнети и се бара легло повеќе за престој и одмор покрај дојранското крајбрежје. 

Во отсуство на српските туристи кои вообичаено за овој празник го полнеа Дојран сега капацитетите се полни исклучиво со домашни кои со ваучерите си резервираа три или четиридневен престој во ова место. 

Освен за одмор, Дојран стана и еднодневна дестинација на голем број граѓани од Источна Македонија пред се за капење или плажирање. Се претпоставува дека овие денови во ова туристичко место престојуваат околу 20 илјади гости.

Од страна на општината за продолжениот празничен викенд најавени се и контроли за почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид 19. 

Градоначалникот Ангов апелираше до гостите да не се концентрираат на една плажа бидејки се отворени повеќе.

Во Дојран тешко може да се најде сместување и за август бидејќи голем број граѓани веќе ги резервираа со ваучерите и одмараат покрај дојранското крајбрежје.

0 Коментари

Остави коментари