Дојава за бомби во пет скопски средни училишта, учениците евакуирани

Десетина училишта низ Скопје експресно испразнети по дојава за бомба. Сите биле известени преку мејл, дека во нивните простории има експлозивна направа, а по што антитерористичката единица при МВР веднаш ги испразнило сите училишта. 

Првите пријави стигнале на мејл адресите на училиштата „Орце Николов“, „Јосип Броз – Тито“, „Никола Карев“, „Раде Јовчевски - Корчагин“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“. Откако почнаа да завршуваат проверките, пристигнале нови пријави, во три други училишта, а каде проверките веќе траат.

Учениците и целиот кадар биле веднаш евакуирани од училиштата, за припадниците на МВР да го извршат претресот, дали и каде има бомба. По евакуацијата, биле известени дека наставата нема да продолжи, како за првата, така и за втората смена, по што ги напуштиле училиштата. 

Од МВР за ТВ24 велат дека во дел од училиштата веќе е завршена проверката и било констатирано дека се работи за лажна пријава. 

За најавите за бомба реагираа и средношколците – побараа поголема безбедност во училиштата и потсетуваат на слични лажни пријави за бомби во училишта и болници во соседна Србија.

„Ги повикуваме нашите соученици да бидат смирени, бидејќи паниката е нашиот најголем непријател во овие ситуации. Безбедностите и училишните служби да бидат професионални и методични во работењето на за да се заштитат средношколците и сите останати вклучени во образовниот процес.“ - велат од Сојуз на седношколци.

Ова е втора дојава во краток период, пред само една недела, дојава за бомба имаше и во ЈСП. Вработен во претпријатието тогаш преку мејл извести дека поставил експлозивна направа во еден од двокатните автобуси, но се докажа дека се работи за лажна пријава.