Договорот за закуп меѓу Државна лотарија и фирмата “Хеј“ раскинат - има ли основ за кривична постапка?

Објектот во Визбегово во кој се организираа свадби и други семејни прослави нема да биде административен центар на Државната Лотарија. Владата го раскина договорот помеѓу фирмата ХЕЈ ДООЕЛ Скопје која се поврзува со функционери на ДУИ и Лотарија на Македонија.

Закупот тежел 2,6 милиони евра. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека дополниотелно на следната владина седница ќе се прочешлаат и докумнентите за издавање на лиценци за онлајн обложување и друг вид на игри на среќа. 

„Што се однесува до договорт што вчера беше предмет на владина одлука, да тој е раскинат со владина одлука , договор не само што е раскинат туку тој е реконструкција на  самиот објект бидејќи тој објект е користен за семејни веселби, прослеви и друг тип на забава. Сега требаше да претставува седиште на Државна лотарија, затоа беше раскинат. И не само тоа, предмет беа претходно според нас на погрешен начин спротивно законите кои се издадени лиценци за приредување игри на среќа преку он лајн или интернет. Предмет беа и друг вид на платформи.“ - рече Мицкоски.

Според информациите, фирмата ХЕЈ е во сопственост на газдата на Пуцко Петрол кој пак е син на пратеник на ДУИ, а договорот со државната локатрија е склучен кога на директорскотот место во државната компанија е поранешен шеф на кабинет на Артан Груби. Оваа информација лани ја соопштија од ВМРО ДПМНЕ, а Груби ја дементираше. Но, Основното јавно обвинителство Скопје, за брзо време отвори неколку предмети кои се уште се во предистрага.  

„По известување од Финансиската полиција Основното јавно обвинителство отвори предмет за закупот помеѓу компанијата ХЕЈ И Државната лотарија како и предмети за издфавање на лиценци. Предметите се во предистражна постапка.“ - велат од ОЈО:

Телевизија 24 побара став и од Здржението на спортски обложувалници, кои неколку пати организираат протести токму против издавањето на лиценци на странски  компании за онлајн обложување, бидејќи истото не им беше дозволено и на постоечките фирми во земјава. 

„Ниту еден правен субјект не смее да ги прекршува пропишаните норми и треба да ги сноси последиците за својот прекршок, а пак надлежните органи да постапуваат соодветно, како и во скорешните случаи. Единствено преку спроведување на законот на терен може да се дојде до вистински напредок и развој на секоја индустрија, па така и на секторот за игри на среќа.“ - АСОМ 

Во последните неколку години бизнисот со игри на среќа доби и политичка позадина. Едно од главните предизборни  ветувања на ДУИ беше дека спортските обложувалници ќе се дислоцираат од градските средини. Тоа беше и дел од законскотот решение кое не го потпиша екс шефот на државата Пендаровски, по што видливи беа нарушените коалициски однопси помеѓу ДУИ и СДСМ.