Договори за новата влада

Претседател на собранието и неколку министерски места со кои ќе раководат Албанци   ова се предлозите кои коалицијата ВЛЕН следната недела ќе ги стави на маса на работната група со ВМРО-ДПМНЕ, велат извори за ТВ 24 од коалицијата а истите очекувања вчера во интервју за Косовската РТК ги изнесе Аребн Таравари.

Во јавноста се лицитираше со бројка и до 6 министески места а Таравари  меѓудругото посочи и дека до крајот на месецот треба да биде конституирано и собранието  а новата влада се очекува да биде формирана во првата половина на јуни . 

- Верувам дека една од трите главни функции на државата, односно претседателот на парламентот, ќе продолжи да биде Албанец и значителен број министри, особено за оние области каде што имаме експерти. Ние како партија ‘Вреди’ ќе ги именуваме. Планирано е конституирањето на Собранието да се случи некаде на крајот на овој месец, на крајот на мај, а во меѓувреме кон крајот на следната недела да имаме кадровски избори и програма на владата. Кога ќе се конституира парламентот, претседателот на државата мора да го даде мандат за формирање влада. Во првата половина на јуни, сигурно ќе имаме нова влада. - изјави Таравари.

Сепак ваквите информации од ВМРО-ДПМНЕ денеска ниту ги потврдија ниту ги негираа иако и двете страни потврдија дека ќе продолжат средбите на ниво на работна група и во текот на наредната недела. Не се исклучува можноста ВМРО-ДПМНЕ да иницираат и средба со ЗНАМ на Максим Димитриевски откако Мицкоски веќе се пофали дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаат 61 пратеник во поединечни преговори со пратеници но претендираат широка коалиција во законодавниот дом со 2 / 3 од народните избраници  за како што рече  да има успешна реконструкција на владиниот кабинет.  

Покрај преговорите кои престојат наредниот период она што следи неделава е и прегласувањето на 22 мај во среда во 6 избирачки меса во 5 тата изборна единица и едно во 6 тата кои можат да направат дополнителни промени во бројот на идниот парламентарен состав. Ова предизвика партиски реакции откако ДУИ обвини дека како што велат  ова е под диктат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ а на штета на Европскиот фронт а пак Вреди ја поздрави одлуката која вчера ДИК ја донесе да има ново прегласување во дел од избирачки места.