Договор тежок 20 милиони евра за ископ на јаглен склучиле државните електрани со приватната компанија

20 милиони евра за ископ на јаглен ќе потрошат државните електрани кај приватната компанија Марковски. Толкава е вредноста на договорот кој ЕСМ на почетокот од месецов го потпишале со оваа битолска фирма, а е објавен вчера на порталот за јавни набавки.

Ова е трет договор поврзан со активности за ископ на јаглен, која оваа компанија годинава го потпишува со ЕСМ. Првите два, во јануари и февруари, вредни два милиони евра се за изнајмување на механизација. Најновиот, вреден рекордни 1 милиијарда и 200 милиони денари е за ископ на јаглен и јаловина во рудникот Брод-Гнеотино.

Од ЕСМ велат, ископот во овој рудник е поинаков од оној во Суводол, па затоа се ангажира приватна фирма.

- Секоја година, од отворањето на Брод - Гнеотино, за наведениот рудник се извршува набавка на услуга за ископ на јаглен и јаловина. Причината е тоа што во овој рудник се врши дисконтинуиран ископ на јаглен, за разлика од рудникот Суводот каде станува збор за различен систем на ископ, кој се врши со сопствени ресурси на РЕК Битола. Наведениот договор за предметната сума е склучен на 18 месеци, односно ќе го покрива ископот во текот на грејната сезона 2022/23 и следната грејна сезона 2023/24 година, со цел да не се случи завршување на договорот во текот на грејната сезона.

Пред три години првиот човек на ЕСМ Васко Ковачевски се пофали дека трошоците за ископ кои електрани ги трошат кај приватни фирми се драстично намалени. Еве што тој тогаш изјави.

Сумите во милијарди се бројат и сега, во ек на енергетска криза. ЕСМ пред две години потроши 20 милиони евра и купи сопствена механизација за ископ на јаглен, со што трошоците за ископ се намалени за една третина.

Оттаму најавуваат дека инвестицијата во механизација ќе продолжи, а до 2024 година се планира набавка целопсната опрема, со што ќе се постигне најниско ниво на трошоци за услуги за ископ на јаглен во РЕК Битола. Покрај 22-та милиони евра за ископ на јаглен, компанијата Марковски годинава добила уште неколку договори за ремонти во РЕК Битола, вредни вкупно четири милиони евра.