Доделени престижните „Греми 2019”, oваа година во знакот на жените
Foto

Доделени престижните „Греми 2019”, oваа година во знакот на жените

Без задршка, со многу емоции истурени на сцена поп со изведба на хитот „Шалоу“ во хард рок верзија - дивата Лејди Гага уште еднаш ги воодушеви своите фанови, овој пат на доделувањето на престижните музички награди Греми. Музичката суперѕвезда, собра 2 големи Греми награди за најдобра поп изведба и за најдобра песна напишана за визуелен медиум за „Shallow“ од филмот „The star is born”. Иако Бредли Купер, не се појави на сцена за заедно да ја земат наградата за најдобра поп дуо изведба, Гага ја испеа нивната песна и ги воодушеви сите присутни! Церемонијата за доделување на наградите „Греми“ свечено ја отвори Камила Кабело со хитот „Hhavana", а во точката учествуваа латино изведувачите Рики Мартин и Џеј Балвин како и кубанскиот салса бенд.

Свеченото 61-во по ред доделување на американските музички награди „Греми” го крена Лос Анџелес на нозе.Дуа Липа освои награда за најдобар уметник, додека кантри пеачката Ккејси Масгрејвс доби признание за најдобар албум. Таа освои четири награди за албумот „Golden hour" кој е критички осврт на актуелните случувања во земјата. Наградата ја посвети на сопругот во кој се вљуби за време на снимањето на албумот.

Чајлдиш Гамбино освои две награди - за песна и видео на годината, двете за синглот „This is America" во кој ја критикува општествено-политичката ситуација во сад. Аријана Гранде, чиј настап беше откажан поради препирки со организаторот, доби награда за најдобар поп албум, а тоа и е прва награда Греми во нејзината кариера.

За разлика од минатата година, кога оваа церемонија беше на удар на жестоки критики, овогодинешната беше потполна промена. Водителот Џејмс Корден го заменија со Алиша Кис која пред камерите ги доведе Гага, Жад Пинкет-Смит, Џенифер Лопез и поранешната прва дама на америка Мишел Обама.

0 Коментари

Остави коментари