Доделени наградите „Жан Моне“
Foto

Доделени наградите „Жан Моне“

Новинарот на „360 степени“ Зоран Јовановски – за најдобра новинарска сторија, фоторепортерот во весникот „Вечер“ Наке Батев – за најдобра репортерска фотографија и Столе Марковски од Кочани – за најдобра аматерска фотографија, се годинашните добитници на наградата „Жан Моне“, што ја доделува Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми.

На конкурсот биле пријавени 43 новинари, со 49 новинарски стории, 15 професионални фоторепортери со 40 фотографии и 24 аматери со исто толку фотографии.

Јовановски ја доби наградата за сторијата „Како до интегрирано општество со етнички дезинтегрирано образование“. Наградената сторија на „360 степени“ се однесува на состојбата со меѓуетничката интеграција во училиштата.

Жирито кое ја додели наградата се состои од седум члена: претставникот од Делегацијата на Европската Унија Александар Меломед, претставник од Секретаријатот за европски прашања Мирослав Саздовски, минатогодишниот победник во рамки на категоријата за најдобра репортерска фотографија Томислав Георгиев, минатогодишниот победник во рамки на категоријата за најдобра новинарска сторија Бојан Блажевски, претставникот од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници Дарко Дуридански, претставничката од Македонскиот институт за медиуми Сања Васиќ, и истакнатиот хрватски новинар Саша Лековиќ како почесен претседател на жирито.

0 Коментари

Остави коментари