Доделени 25 награди на Златна бубамара

Шоуто кое е едно од најпопуларните во земјава секоја година минува со гостувања на музички ѕвезди од земјава и регионот, но и со уникатен хумор, најчесто на сметка на општествените случувања кои ја одбележале изминатата година

Годинава мотото на манифестацијата беше ,,Кој чека ќе дочека. Минатата година не се појави во очекуваната улога на водител, но затоа вчера Сашко Коцев беше дочекан со овации од страна на публиката.

 

Тинејџерска ТВ серија – „Тин-Камп“

Балетска претстава за деца – „Петар Пан“

Трајни вредности за афирмација на танцот – Тодор Миладинов

Трајни вредности во народната музика – Нино Величковски

Трајни вредности – Д-р Миодраг Врчаковски – текстописец

Посхумна награда за животно дело – Кире Костов

Спортист на годината – Игор Стефановски-Иџе

Спортски успех – Одбојкарска репрезентација

Најпопуларен спортист – Никола Ѓоргиев

Концерт на годината – Владо Јаневски

Животно дело – Драган Мијалковски

Трајни музички вредности – Жељко Самарџиќ

Актерка на годината – Наталија Теoдосиева

Најпопуларен млад актер – Сергеј Димовски

Театарска претстава – „Ало, ало“, продукција на Театар „Комедија“

Спортска легенда – Кире Лазаров

Етно песна на годината – Давид Темелков и „Моја Македонија“

Проект на годината – СИМБИОЗА -Танец и НОБ

Типографија-дизајнирање македонски кирилични фонтови – Ласко Џуровски

Дуо на годината – Александар и Дац

Пејачка на годината – Андријана Јаневска

Албум на годината – „Македонијо, во срце те носиме“

Најпопуларна нова институција – Национален џез оркестар

Награда за уникатни музички вредности – Рамбо Амадеус

Песна на годината – ДНК & Врчак – Посреќна.